ТУРСКИ НОЖ во грб на Албанците: Еве колку албански куќи имало на Косово

ИСТОРИЈА

Турскиот попис на Косово од 1455 година покажува дека во тоа време имало неспоредливо помалку Албанци од Срби. Од сите имиња и презимиња споменати во пописот, 95,88 отсто биле со српско потекло, а само 0,26 од албанско потекло. Во тој период имало 13.000 српски куќи, а само 46 албански.

Пописот од 1455 година вклучувал и машки и женски имиња кои во тоа време биле дадени на Косово. Најпопуларните машки имиња биле Радислав, Богдан, Радица, Степан и Никола, додека женските имиња беа Оливера, Радислава, Стојислава, Јелена, Станислава, Владислава и Влкосава.

Еден век порано Србите на оваа земја ги дале најчестите имиња Рајко, Милош, Радослав, Богоје, Дорослав, Богдан, Прибоје и Милован.

Албанските имиња се традиционалните кои се сретнуваат и денес, но тоа биле забележани само во некои села. Буквално не постоело ниту едно чисто албанско село или град или населба, што ја затекнале турските власти кога го спроведиле тој попис.

Останува нејасно зошто токму сега Турција го објавува тој официјален документ на Османлиското царство од 1455 година, чии оригинали се наоѓаат во историскиот архив во Истанбул и кој покажува дека кон средината на 15 век на просторот на Косово и Метохија немало Албанци, а го пренесуваат српските портали.

Попрецизно на целиот простор помеѓу Проклетија и Копаоник имало само 46 албански семејства. Тоа е официјалниот резултат од пописот на жителите кои го извршила турската власт, а кој е единствен документ, сочуван до денешен ден.

Овој документ ја покажува и безмисленоста на официјалните лица од Приштина дека Албанците се староседелци, па дури и дека учествувале во Битката на Косово на страна на кнезот Лазар Хребељановиќ, а дека јунакот кој го убил турскиот цар Мурат, во традицијата познат како Милош Обилиќ, не бил Србин туку Албанец.

Како што пренесува турскиот архив, српското население било мнозинско во сите населби помеѓу Проклетија и Шар Планина на југот и Копаоник на северот. Влашките домаќинства имало 75, а биле присутни во 34 села, додека албанските домаќинства биле присутни во 23 села. Според турскиот попис забележани се и 17 бугарски домаќинства како и 5 грчки.