ПОЕНТА НА ДЕНОТ: Ќе ја рушиме или ќе ја користиме Преспа?

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Интересен е начинот на кој граѓаните не согледуваат што тоа нуди Преспански договор за реализација на македонски национални интереси.

Од тука, во услови кога Преспа е де факто и де јуре суспендирана од самата ЕУ, останува на нас Македонците да одлучиме, дали ќе ја користиме во наш интерес или ќе ја рушиме?

Знаеме дека поубаво звучи и јако патриотски „пали“ приказната за рушење на Преспа.

Тука е она за потписот на Ѓоко Иванов, па немало Референдум како треба, па немало законски основ… се тоа за деца да се радуваат, одлично звучи.

Но во пракса, тоа е неостварливо!

Што е остварливо?

Тоа е шансата да ја искористиме Преспа за спроведување на нашите национални амбиции за влез во ЕУ!

ЕУ ќе мора да избере, Преспа или бугарските уцени? Двете не може!

Не дека сме ние многу силни нешто да наметнеме, туку самата Преспа е во коализија со бугарските соништа.

Така ЕУ ќе мора да избере, а грчката дипломатија да притисне, или Преспа ќе опстане или бугарските желби ќе се исполнуваат!

Како да се употреби Преспа?

Просто, согласно одредбите на самата Преспа.

Таму јасно стои, имплементација на „северна“ за внатрешна употреба, после отпочнување на преговори со ЕУ!

Има преговори? Нема! Тогаш нема и „северна“ по дома!

Отворете преговори, потоа ќе видиме што правиме со „северна“ за внатрешна употреба!

До тогаш, ОХИ за „северна“ во Македонија!

Така да разберете, Преспа не треба да ја рушиме, Преспа треба да ја употребиме!

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!