ДО КОГА ЕРДОГАН ќе го трпиме во НАТО?

Свет

Многу прашања испливаа по одлуката на Ердоган да се спротивстави на влезот на Шведска и Финска во Северноатлантската алијанса и таквиот став малку ги промени картите на маса, барем доколку сериозно ги сфаќаме заканите на „Султанот”.

Истиот тој „султан“ кој како мало дете трчаше во Брисел кога на несакање турските сили симнаа руски авион над Сирија, а Ердоган се исплаши од руска реакција, па молеше за заштита од НАТО.

Дали доколку тогаш НАТО му кажеше на султанчето одјеби дечко и го оставеше на цедило на милот и немилост на Путин, сега Ердоган вака ќе се однесуваше?

Што во суштина кажува Ердоган? Видете Шведска и Финска (Ердоган ја додава и Норвешка) премногу бевте толерантни кон терористите (мисли на ПКК – Курдистанска работничка партија кои во Анталија се борат со децении против Анкара и кои Турција ги смета за сепаратисти и терористи).

Нормално, такво мислење за ПКК имаат и мнозинството Турци, па оттука јасна е позицијата на Ердоган. Ердоган бара од двете земји писмен договор во кој се наведени конкретни чекори за ставање крај на „поддршката за тероризмот“, и ја постави темата на ниво на прашање од национална безбедност.

Тој воедно побара и екстрадиција на 17 припадници на ПКК и 33 членови на организацијата Фетула Ѓулен, исламскиот лидер кој живее во САД и кого Турција го терети за пучот од 2016-та година. Но, Ердоган оди и чекор понатаму.

Клучното противење е насочено кон Шведска, каде Стокхолм е обвинет за поддршката кон ЈПГ – Единици за заштита на народот, кудско-сирискиот сојузник на ПКК која пак води вооружен бунт во Турција од 1984 година.

ПКК е на списокот на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, а Ердоган смета дека центарот на ПКК е во Шведска. Ердоган ја обвинува шведската влада за поддршка на ЈПГ и вооружување на нејзините милиции.

Од друга страна владата на шведската премиерка Магдалена Андресон зависи од гласот на една единствена парламентарка, од курдско-иранско потекло, чија пак поддршка на владата зависи од ветувањето за поддршка на ЈПГ.

Секако, да се обвинува Шведска за поддршка на тероризам е тотален нон-сенс. Шведска беше правата земја која што ја прогласи ПКК за терористичка организација, но ЈПГ која важеше за западен и американски сојузник во Сирија во борбата против ИСИС, не е со таков статус.

Напротив, Шведска има бројна и добро интегрирана курдска популација и е меѓу првите земји кои решија да им помогнат на Курдите од Сирија. Курдите во Шведска имаат добиено политички азил и статус на бегалци, и ниедна земја каде постои владеење на правото и која се почитува себеси, не би ги променила своите одлуки и политички позиции.

Така да, тешко дека Ердоган ќе добие нешто на тоа поле, особено не екстрадиција, освен некој симболичен гест, можеби нешто околу вооружувањето на ЈПГ.

Притисокот врз Шведска е двојно мотивиран од политичката кампања на Ердоган за домашна употреба и изборите следната година, во ситуација кога 90% од Турците гледаат со омраза кон ПКК.

Вториот мотив е да добијат меѓународни концесии кои повторно ќе ги искористи за својот личен политички интерес и задоволување на националистичкиот електорат.

До кога ќе се толерираат уцените на Ердоган? До кога ќе се дава простор на лудаци во светската политика, особено во западниот блок?

Дали ова навистина може да го спречи влезот на Шведска и Финска е дискутабилно и тешко за верување. Дефинитивно може да го забави, барем до НАТО самитот во Мадрид. Однесувањето на Турција во реалноста повеќе наликува на отварање на една игранка каде Ердоган преку сигнализирање на својата аверзија кон проширувањето и реален капацитет тоа да го спречи, всушност посакува и бара на други преговарачки маси и на друг терен серија на компензации и концесии.

Тоа значи дека Ердоган не сака да делува против НАТО, туку дека сака да преговара, поточно, да се ценка. А со кого би се ценкал ако не со САД?!

Така листата на барања на „Султанот” се проширува и се состои од барање за прекин на санкциите и военото ембарго поради операцијата „Извор на мир 2019“ во Сирија, враќање во рамки на програмата за производство и набавка на авионот Ф-35 (на што Грција има фрлено око), дозвола за модернизирање на 80 Ф-16 (на што Атина се противи), гаранции дека Конгресот нема да наметне нови санкции заради работењето на Халкбанк со Иран и кршење на санкциите, и конечно, бара ЈПГ да бидат внесени на листата на терористички организации.

И ако сѐ тоа не е доволно, Ердоган одлучува да изврши дополнителен притисок врз Вашингтон најавувајќи нова инвазија и експанзија во сирискиот североисток. Помалку парадоксално, ама Ердоган ја уценува експанзијата на НАТО со турска експанзија во Сирија.

Очигледно деновите на Ердоган се одброени, со оглед на неговиот тежок проруски политички курс. Дали и како Ердоган ќе ја заврши својата кариера, останува за кратко да забележиме.