БОГОЈЕСКИ бара одговорност за ЗАЕВ и истрага од ОПОЗИЦИЈАТА

Изјави

Во врска со скандалозната изјава на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски со која потврдува дека Заев, а не историчарите, договарал трампа на историски личности со Бугарија, своја реакција објави Петар Богојески од Македонски Концепт.

Во неговата реакција се вели:

„БЕЗ да ги коментирам Љубчо и Заев… знаете ли што е тука скандалозно?!?

Официјален човек од власта, Љубчо Георгиевски јавно на ТВ признава дека разговорите за историјата не ги водат стручни и компетентни лица од Комисијата, туку тоа го прават политичарите од власта.

После ова признание, повеќе од јасно е зошто немаме сеуште решение за бугарското прашање и зошто нема да имаме!

Штом Заев кажувал кој историски лик ќе го дадеме, а кој не, а не се говори со историски аргументи за „објективизација на историјата“, тогаш навистина се чудам како ние имаме држава!

Оваа изјава на господин Георгиевски е доволна причина ОЈО да отвори истрага, во Собрание да се формира анкетна Комисија за утврдување на фактите и одговорноста на политичарите за злоупотреба на службена положба и овластување преку трампа на историја, култура, идентитет и сл.

ОПОЗИЦИЈА дали се слушаме?

МКонцепт нема пратеници и не можеме да покренеме постапка… но добар дел од пратениците се од опозицијата и тоа го можат!

Ова не смее да помине незабележано и неказнето, а сега вие си знаете!„ – стои во реакцијата на Богојески