СДСМ „ЗАГРИЖЕНИ“ за трошоците од пратениците но не и за „ЦИЦАЊЕТО“ на буџетот од своите кадри!

Македонија, Политика

Претходно денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција образложи дека само за основни плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци.

„Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари што ги добиваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ од граѓаните. Наместо да ги заработат, тие блокираат и прават штета на оние што ги плаќаат, на граѓаните. Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии што ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните“, изјави Кузеска.

Ваква загриженост не покажуваат кога нивните кадри го „цицаат“ буџетот. Рашковски во еден здив со набавката на  софтвер се офајди за 81.000 евра, а го заменија со друг соодветен на него кадар Зекири кој пак неодамна отиде во притвор за противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Македонија.

Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени.

Мухамед Зеќири пред обвинение, се бара и притвор

Во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Македонија.

Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција..