СРАМНО: За српската државна телевизија МПЦ стана Северномакедонска црква

РЕЛИГИЈА

Српската државна телевизија вечерва со навредлива содражина, користејќи го терминот „Северномакедонска црква“  неколкупати извести за одлуката на Вселенската патријаршија за признавањето на МПЦ-ОА.

-Вселенската патријаршија ја признала „северномакедонската“ црква како канонска, пренесуваат медиумите во Скопје, пишува во веста на РТС.

-Северномакедонската црква во соопштение тврди дека Вселенската Патријаршија по децении спор со СПЦ и меѓународна изолација, го отфрла повеќеденценискиот раскол наметнат над древната Охридска Архиепископија, обноверна во лицето на МПЦ.

Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната ерархија на чело со Архиепископот Стефан како канонска и прифатена во сеправославниот свет и со нејзе воспоставува канонско и литургиско општење. Како се наведува, за  северномакедонската црква следуваат дополнителни преговори за конечниот статус, пишува РТС во веста.