
Богојески: Бугарија да го врати грбот!
Богојески, промотор на Македонски концепт со предлог во преговорите со Бугарија да се најде и историското наследство кое Бугарија го има украдено од Македонија. Особено грбот на Македонија и останати скапоцености.
На неговата фан страна Богојески објави:
“Колку само да знаете…
Најстариот и вистински грб на Бугарија е црвен лав на жолто поле… тоа што Груевски истиот го предложи за македонски грб е така зашто е неписмен!
Бугарија го украде од Македонија жолтиот лав на црвено поле… и денес македонскиот грб е бугарски! Кога веќе преговараме за оставинска постапка… покрај богатствата украдени од Македонија и Охридската Архиепископија, да го вратат и грбот.
Македонија ќе и врати се што и украдила на Бугарија и обратно!
Нели е тоа европски?“ – завршува Богојески
Во прилог на текстот го има објавено најстариот грб на Бугарија објавен на најстарата бугарска историја од 17ти век.