ДОБРО УТРО со Аматерката и ГОЛЕМАТА ЛАГА НА ЗАЕВА СДСМ

Uncategorized, Македонија

ПЛАНОТ НА ЗАЕВА СДСМ ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Поминаа 100 дена од нова Влада и 2190 дена од истата ВЛАСТ НА СДСМ!

Прикриени преку „ликот и делото“ на Димитар Ковачевски, во кој народот треба да препознае некоја си нова власт без товар од претходната, театрално и спектакуларно се обидоа да дадат некаков си отчет за сработеното во минатите 100 дена. Се дотераа, се натокмија и се собраа да да си се пофалат за она што и самите тие не си веруваат.

Иако вложиле труд и финансиски средства за организирање на овој настан, истиот не ги исполни нивните очекувања. Народот не им поверува, напротив тргнат е по своето! Не се фасцинирани од презентациите и слајдовите кои им ги прикажаа, а уште повеќе се  револтирани од обидот за повторна манипулација на истиот начин. Човек незнае дали самите се подлажнуваат или другите ги лажат. Народот бара исполнување на ПЛАНОТ ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Поминаа 6 години од големата лага на Заев кога се обраќаше на  невработени, на оние со катанци на фирмите, на оние кои работат чесно и посветено, а пак се мачат со долгови, кои работат прекувремено и пак не можат да си го прехранат семејството. Бараше поддршка од оние кои си ги пуштиле децата низ светот, на младите кои живеат во руинирани домови….дрн,дрн,дрн….

Што од ова им исполни заевата СДСМ во овие 2190 дена?! Денес, невработените се повторно невработени (освен по некој роднина и партиски полтрон), не само што не ги тргнаа катанците од фирмите туку и на тие што подработуваа им ставија катанци. На оние што чесно си работат  им  ги зголемија долговите и неможат  да си го  прехранат семејството, а студентските домови сеуште се такви какви што си беа.

Ништо не се одвива по планот.

ЗАЕВ ПЛАН ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА : – „Ви се обраќам на вас самохраните родители, на вас кои сте сами без дом, или во дом, а беспомошни, на вас професорите, лекарите, научниците, административците, новинарите… Пронајди се низ страниците! Имаме план што е направен според потребите вас на граѓаните. Овој план е твојата шанса за живот каков што заслужуваш. Овој план става крај на неправдите на работните места, во институциите, неправдите во државата, што ви го одзедоа правото на достоинствен живот.
Ова е план за добар и достоинствен живот, во Македонија за сите.“

Народот поверува и настрада. Оваа голема лага во која поверуваа го чинеше многу. Оваа голема лага ја чинеше Македонија понижување, омаловажување, потклекнување, осиромашување, навредување и многу жртви заради некадарно менаџирање на институциите на системот.

Епа другари од заева СДСМ, тие што се пронајдоа во страниците на вашиот план се оние кои денес се по улиците и си го бараат своето! Доколку реализиравте барем 50% од вашиот лажен план,  денес Меѓународниот ден на трудот  ќе се прославуваше релаксирано некаде по природните убавини на Македонија, а не со синдикален протест !

ЗАЕВ ПЛАН ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА: – „Ако ви кажат дека се сите исти и дека не може да биде подобро, не им верувајте“.

Секако, ни на крај памет некому му дојде дека на  ваков слајм му дава доверба за да биде власт!

Честит нека е Меѓународниот ден на трудот!