НАЈНОВА ВЕСТ! ПОТВРДЕНО потопен крстосувачот МОСКВА во Црно Море

Европа

Од боиштата во Украина рано утрово пристигна вест дека е потопена руската гордост, главниот брод на Црноморската руска флота, крстосувачот Москва.

Потврдено е дека ракетниот крстосувач „Москва“ бил погоден со 2 украински ракети „земја-море“ од типот „Нептун“ (300 км домет), на околу 25 наутички милји на црноморскиот украински територијален простор.

„Москва“ беше водечкиот воен брод „Атлант“ од класата ракетни и противморски крстаречки бродови во руската морнарица. Но веќе не е, тој е на дното на Црното Море.