АМБАСАДОРОТ ШАМБЕВСКИ: Мораме да го кренеме гласот ПРОТИВ

Uncategorized, Изјави

После скандалот во министерството за одбрана, каде беше даден отказ за државниот советник Петар Богојески поради вербален деликт, повеќе јавни личности се огласија со реакција за враќање на тоталитаризмот во земјава.

Меѓу нив беше и амбасадорот Оливер Шамбевски, кој лично се залага за борба за слобода на мисла и говор, како дел од семејното наследство во борбата со комунизмот.

Шамбевски на социјалната мрежа фејзбук ја објави следната реакција:

„Не е битно што мислам јас за Петар Богојески. Но, кога ќе ми текне кои беа идеалите кога ја формиравме државава, ова подолу не беше еден од тие. Напротив, вербалниот деликт беше еден од силните мотиви кои ја мотивираа битката против монструмот наречен комунизам.

Е па еве денес живееме во хибрид од тој монструм… нешто ко делта варијанта на оригиналниот вирус. Е па затоа без разлика што мислиме лично едни за други, мора да го кренеме гласот против ова чудовиште, против оваа карикатура од систем што ни го наметнаа во државава притоа уназадувајќи ја со децении на секое поле.

Петар Богојески, да ја истераш правдата до крај!“ – пишува Шамбевски