ПОЛСКА станува ЕУ супер сила, пристигнува огромно оружје од САД

Свет

Американски борбени авиони Ф-15 забрзано се стационираат во полска воздухопловна база, изјави министерот за одбрана на Полска, во момент кога НАТО го јакне военото присуство на источното крило во контекст на тензиите меѓу Украина и Русија.

Авионите пристигнаа во момент кога дополнителни американски и британски единици се распоредени во Полска, а земјата во знак на солидарност ја посети и британскиот премиер Борис Џонсон.

„Денес во воздухопловната база во Ласк стигнаа американски ловци Ф-15. Тие ќе пружат поддршка на источното крило во рамки на НАТО мисијата на заштита на воздушниот простор“, објави Мариуш Блашчак на Твитер.

Полскиот министер не кажа колку авиони пристигнале во базата, а ловци Ф-15 се испратени и на Балтикот.

Британскиот министер за одбрана Бен Волис кажа дека Лондон би можел да испрати дополнителни војници во Источна Европа доколку е потребно, откако во понеделникот објави дека испраќа 350 војници во Полска.

Во меѓувреме, Полска потпиша договор со Вашингтон за купување на 250 тенкови Абрамс во обид да ја зајакне својата војска во обид да ја одврати потенцијалната руска агресија на својата источна граница.

Продажбата на тенкови Абрамс на Полска, каде што ќе биде распоредена и американската противракетна одбрана, е уште еден знак за длабокиот и растечки одбранбен однос со САД.

Следува распоредување на речиси 5.000 дополнителни американски војници во Полска, како и дополнителни борбени авиони, како дел од одговорот на Вашингтон на кризата во Украина.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак рече дека договорот е вреден приближно 4,75 милијарди долари и дека првите тенкови ќе бидат испорачани оваа година.