МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ со подршка за НАСТАВНИЦИТЕ и ВОСПИТАЧИТЕ

Македонија, Политика

„Имате полно право на протест и на вашите легитимни барања за враќање на достоинството на просветната професија“, стои во реакцијата на Македонски Концепт во врска најавениот генерален штрајк на наставниците и негувателите.

Според политичката организација која ја предводи Богојески, само една професија на светот е поважна од лекарската, а тоа е просветната. „Лекарот може да осакати неколку луѓе, но професорот може да осакати генерации и генерации!“ – изјавува Богојески.

Во пролетните месеци на 2020 и 2021 година, таа организација спроведе кампања за поддршка на вработените во образованието и воспитанието, со познатата максима „Се додека наставниците не примаат поголема плата од министрите, нема да имаме образование“.

Македонски Концепт дава полна поддршка на штрајкот во образованието и воспитанието, со барање за зголемување на платите на вработените во тој сектор од најмалку 50%.

Преку споделување на скрин од објава од 4ти мај 2021 година, тие потсетуваат дека промовирале и решение за проблемите во образованието, но дека власта останала нема на нивните забелешки и продолжила со политиките на уништување на квалитетот на образованието и згрижувањето на децата.