Проф.НАЈЧЕВСКА за Богојески: Проф.Марјановиќ се превртува во гроб

Uncategorized

Во врска со незаконскиот отказ на државниот советник Петар Богојески од Министерството за одбрана, во јавноста се огласи и проф. Мирјана Најчевска со свој коментар.

„Ова е нарушување на основните права и слободи на граѓанинот.

И ова е црно петно во било кој извештај за напредокот на Македонија во владеењето на правото и заштитата на основните права и слободи.

Примената на членот 10 од Европската конвенција за човековите права не може да биде ограничена произволно и надвор од законот.

Мислам дека професорот Марјановиќ веќе се превртува во гробот.

После толку години од започнувањето на неговата борба со вербалниот деликт да го вратиш на голема врата …

И најстрашен е контекстот на актуелниот момент.

Министер за правда кој лаже добива писмена опомена.

Служебник кој изнесува личен став добива отказ.“ – изјавува проф. Најчевска.