
КРАЈ на ВОЈНАТА: Капитулација на РУСИЈА, зошто признаваат пораз?
Москва се надева дека руската воена операција во Украина може да заврши во блиска иднина, можеби во наредните денови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот за Sky News.
Според него, руските трупи ќе ја завршат војната со постигнување на нивните воени цели или Москва и Киев ќе постигнат договор преку преговори, додаде тој. Русија е свесна дека е целосно и воено и морално поразена.
Изгледите за мировен договор во голема мера ќе зависат од „конзистентноста“ на позицијата на Украина и нејзината подготвеност да се согласи со условите на Русија, рече Песков. Тој особено рече дека одговорните за злосторствата врз цивилите во Донбас треба да бидат изведени пред лицето на правдата.
Од амбицијата на Русија воено да ја порази Украина и да ја претвори во своја провинција, сега се сведоа на смешно барање за осуда на злосторници врз цивили во Донбас, а знаат дека повеќето единици кои учествуваат во тие борби се веќе погинати на фронтот кај Мариупол или на север кај Харков.
Тоа значи Путин свесно бара одговорност од веќе мртви луѓе, со цел барем нешто лажно да добие и да го прикаже како успех пред домашната јавност.
На прашањето за обвинувањата што Киев ги упати против Москва за наводните масовни убиства на цивили во градовите во близина на Киев, Песков рече дека таквите тврдења не се ништо друго освен „храбра лага“.
„Ние негираме дека руската војска може да има нешто заедничко со овие злосторства и дека мртвите тела биле намерно прикажани на улиците на Буча“, изјави портпаролот на Кремљ за Скај њуз. „Живееме во денови на фалсификати и лаги“, додаде тој.
Русија е „заинтересирана за навистина независна и објективна истрага за сите злосторства“ извршени во Украина, рече Песков.
Според Песков, една од целите на руската операција била да се спречи поголем конфликт, имено, потенцијална Трета светска војна, која најверојатно би вклучила нуклеарни напади. Сега откако Русија ја изгуби војната во Украина, била спречена таква светска војна. Веројатно само за тоа е во право измеќарот на Путин.
Ако Украина се приклучи на НАТО, а потоа се обиде да го заземе Крим преку воени средства, членките на НАТО кои поседуваат нуклеарно оружје ќе мора да го бранат, тврди тој, додавајќи дека тоа ќе доведе до глобален конфликт. Украина е „антируски центар“ од 2014 година, рече портпаролот на Кремљ, додавајќи дека НАТО е далеку од тоа да биде и чисто одбранбен воен блок.
„Тоа не е мирен сојуз. Тој беше скроен за конфронтација и главната цел на неговото постоење е да се соочи со нашата земја“, рече Песков.
Интервјуто на Песков покажа дека Русија веќе е свесна за загубите и изгубената војна. Сега само бара начин час поскоро да излезе од Украина, која се обиде да ја окупира со голема офанзива кон крајот на февруари.
Сега за Русија било доволно Украина официјално да се прогласи за неутрална земја која никогаш нема да се приклучи на воениот блок на НАТО предводен од САД. Киев инсистира дека руската офанзива била целосно неиспровоцирана и ги негираше тврдењата дека планирала насилно повторно да ги заземе двата бунтовнички региони. Тие се пред потпис на мировниот договор.