
Бугарска работа! Умрел после свадба, платена од нечесни пари
Неодамна во Бугарија беше откриена шема за продажба на органи на украинските мигранти на богати странци. Украинскиот портал Страна.уа пишува дека не е прв пат граѓаните на оваа земја да се најдат во центарот на скандалот со црниот пазар на човечки органи.
Се покажа, според зборовите на новиот министер за здравство на Бугарија, Стојчо Кацаров, дека во поранешната државна болница Лозанец во Бугарија , за две години биле извршени петнаесет трансплантации на бубрези од живи донатори.
Во сите случаи, донатори беа млади жители на Украина и Молдавија , а приматели беа државјани на Израел, Оман и Јапонија.
Со цел да се легализира операцијата, клиниката ги пријавила како роднини.
Примателите на органи платиле 50.000 американски долари по еден бубрег, а официјално околу половина од сумата е уплатена на сметката на клиниката. Донаторот добил од пет до 15 илјади долари, изјави бугарскиот новинар Ивајло Јолчев.
Поради пандемијата, тешко е да се прави бизнис, многу од моите пријатели бараат можност да заработат повеќе и се согласуваат да продадат бубрег, па дури и дел од црниот дроб, рече жителката на Лавов, Оксана Федив, која во последниве години одеше во неколку европски земји да може дополнително да заработи.
Како што вели за нешто такво може да се добијат неколку илјади долари, но постои ризик од смрт.
Пред две години, во регионот Лавов, дваесетгодишник продал бубрег со цел да организира раскошна венчавка. Младиот човек му рече на своето семејство дека ќе замине во странство на работа, тој донесе 15 илјади долари, се ожени и неколку недели подоцна почина.На неговото тело е пронајдена лузна, но не е разјаснето кому и каде го продал бубрегот.
Според Вадим Резниченко, експерт за трговија со луѓе и црниот пазар на човечки органи, во таа сфера работат транснационални криминални групи, меѓу кои има и високо квалификувани лекари.Поточно, неколку клиники за нелегална трансплантација на органи се наоѓаат во Турција, Кина и Египет, рече тој.
Пред две години, главниот лекар на болницата во Шимкент беше приведен во Казахстан . Тој е обвинет за нелегална трансплантација на органи. Според истрагата, криминалната група ги користела Украинците, Узбеците и Киргистанците како донатори, додека клиентите биле претежно израелски државјани.
Еден случај беше регистриран во Истанбул кога беа уапсени повеќе од 10 лица, вклучително и Украинци, поради планови за продажба на нивните органи.