3000 евра казна за ВМРО ДПМНЕ

Македонија, Политика

Вмро Дпмне е казнет во судница со глоба од 3000 евра. Партијата ја доби оваа казна бидејки  Димче Арсовски, нејзин претставник во судницата, да излезе од судењето за случајот „Талир“ незадоволен од тоа што посочил дека еден од поротниците имал 60 години и не смеел веќе да ја извршува функцијата судија поротник.

Судијата, Осман Шабани, кој го води овој процес, му посочи дека судницата ја помешал со Собрание и дека политички говори не се дозволени. По ова Арсовски рече дека ќе ја напушти судницата, за што беше предупреден дека ќе сноси последици, како претставник на правното лице ВМРО-ДПМНЕ. Откако партијата беше казнета судот посочи дека ќе постават адвокат по службена должност кој ќе ја репрезентира опозициската партија за време на судењето. На адвокатите им порача дека барањето за изземање на судијата поротник, кој наполнил 60 години да го достават писмено.

Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

 

превземено.