ОНА КОГА СИ НАТПРОСЕЧНО ГЛУП, немало Бугари во МК, ама имало во дијаспора

Балкан

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева, како истакнат талент по најглупавите изјави поврзани со Македонија, преку „Фејсбук“ реагира на резултатите од пописот, потенцирајќи дека разговарала со организациите на Бугарите по професија од Македонија и тие и посочиле оти сметаат дека податоците се фалсификувани.

Податоците според кои во Македонија има само 3.504 Бугари се фалсификувани и здруженијата на Бугарите во земјава наскоро ќе излезат со официјален став. – изјави Екатеринчето и остана жива.

Откако три будалетинки Бугари по професија ќе излезат со став, се очекува да воскресне цар Борис Први! Македонија преку ноќ станува бугарска, а за царица ни доаѓа Катица Шеќерова од Пазарџик.

Најчудно е што не се бројат Бугарите кои се надвор од државата, за разлика од другите етнички групи. Не треба да заборавиме дека во последните 15 години 86.566 граѓани добиле бугарско државјанство, изјавувајќи пред нашите власти дека се идентификуваат како Бугари. За жал, уште еднаш сме сведоци на старата државна политика – дискриминација на Македонците со бугарска самосвест и обид за нивно маргинализирање, вели Захариева.

Пустата Захариева ги нарекува „Македонци со бугарска самосвест“, а самата се потепа од барање да се внесат наводни Бугари во македонски Устав.

Таа понатаму вели дека ваквото мешање во правото на самоопределување е апсолутно неприфатливо и е во спротивност со вредностите на Европската Унија и дека крајно време е „да сфатат дека Бугарите во Македонија не се закана, туку мост меѓу нашите две земји“.

Ние заклучуваме дека и самата не знае што кажа, бидејќи истата личност се истакнува со натпосечна глупавост.