ШАМАР на Богојески за бугарско МНР: ЕУ ЈА НАПАДНА МАКЕДОНИЈА!

Изјави, Македонија

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска излезе со ново соопштение во кое реагира дека во Северна Македонија се поттикнува антибугарско расположение од политичари и јавни личности кои за таа цел ја злоупотребуваат руската воена агресија во Украина.

„Во врска со низата провокативни и злонамерни антибугарски коментари изминатите неколку дена од страна на политичари и јавни личности во Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи изразува загриженост дека злонамерната кампања против нашата земја има за цел да поттикне антибугарско расположение.

Уште позагрижувачки е што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните начини во Украина како резултат на руската воена агресија. Сметаме дека ваквите цинични обиди мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на украинскиот народ на таков арогантен и непринципиелен начин“, пишува во соопштението на бугарското МНР.

Оттаму додаваат дека ваквата кампања може негативно да влијае врз позитивните трендови што се забележани во политичкиот дијалог во последните месеци, без да појаснат дали актуелната бугарска министерка Генчовска има нешто заедничко со руските тајни служби и КГБ. Молк за истото и од македонското МНР, кое е измеќарски расположено кон секој белосветски преварант, кој се занимава со македонските работи.

Повеќе бугарски медиуми соопштението го толкуваат како реакција на тоа што во земјава се прават паралели помеѓу односот и политиките на Русија кон Украина со тие што ги има Бугарија кон Северна Македонија.

На бугарските напади врз Македонија и слободата на говор и политички убедувања, жестоко реагира Петар Богојески од Македонски Концепт со изјавата дека “Големата” ЕУ ја нападна малата Македонија, исто како што големата Русија ја нападна “малата” Украина!

ЕУ има исти ставови кон Македонија, како оние на Русија кон Украина! Простете, но Бугарија е дел од ЕУ, а со тоа бугарските ставови и политики се ставови и политики на ЕУ. Не може да се сокриваме зад двојни аршини. Ако ЕУ не се согласува со тоа што го прави Бугарија врз Македонија, истото што го прави Русија врз Украина, тогаш нека си ја вразуми и дисциплинира членката Бугарија.

Богојески смета дека со последната посета на еврокомесарот Борел на Скопје и неговата „силна волја“, ЕУ јасно се ставила зад ставовите на Бугарија, со тоа се изедначила со ставовите на Русија. Срамота е за ЕУ да биде на иста страна со Русија во односот кон Македонија, смета Богојески.

Тој има порака и до Владата на премиерот Ковачевски. „Владата наместо луксузирање, треба да пренамени средства за сензибилизирање на европската јавност за “македонската вистина”, ако сакаме подобра судбина од Украина. ЕУ (чиј дел е Бугарија) е високо сензитивна на расположението на јавноста. Време е да ја “расположиме” европската јавност во корист на Македонија!“

Војната во Украина ќе помине… се ќе се заборави… мртвите – мртви, живите – живи, но Македонија ќе ја пропушти оваа неповторлива шанса за “виктимизација” во очите на европската и светска јавност! Македонија е во иста позиција со Украина, а наслов на контентот треба да биде “Македонија е втората Украина!!!” – смета Богојески.

Некадарниве од власта ова ниту ќе го разберат, ниту ќе го реализираат! Шансата ќе помине и замине, а Македонија длабоко влезе во “грчко сценарио” на бугарското прашање! Знаете кога Таче ќе ја реши Бугарија? Никогаш, па ниту тогаш!

Богојески смета дека сега и веднаш треба да се затворат сите прашања со Бугарија, за Македонија да влезе во ЕУ по пат кој не може да биде запирана од бугарските шовинисти, слични на руските болшевички банди на Путин.