Марина Овсјаникова : НЕ ГЛЕДАЈТЕ САМО РУСКА ТЕЛЕВИЗИЈА, НЕ БИДЕТЕ ЗОМБИ!
Руската новинарка Марина Овсјаникова, која го воодушеви светот упаѓајќи во студио со транспарент против војната во Украина за време на емитувањето на Дневникот на руската државна телевизија, од својот дом даде ексклузивно интервју за Ројтерс.
Таа вели дека е загрижена за својата безбедност, но дека морала да му каже на рускиот народ да не бидат зомби.
„Протестот имаше две цели: да покаже дека Русите се против војната и да му каже на рускиот народ – не бидете зомби, не слушајте ја оваа пропаганда, научете да анализирате, не слушајте само руска телевизија“, рече новинарка.
Таа вели и дека била исплашена.
„Зборот страв не може ни да се опише. До последен момент не бев сигурна дека можам тоа да го направм. Првиот канал има повеќе безбедносни нивоа, безбедносните сили се пред студиото и внимаваат да не дозволат вакви нешта да се случуваат. Не сакам да зборувам за детали, но имаше во обезбедувањето“, рече Овсјаникова.