
БОГОЈЕСКИ го утепа АПАСИЕВ за “историскиот говор“ во Собрание
После наглото подлегнување на македонските шутраци под јачината на „историскиот говор“ на другарот Апасиев, алијас Кончита, во Собрание, на социјалните мрежи се огласи Богојески, лидерот на Македонски Концепт, со одговор на евтината утопија што ја продава овој пратеник.
Богојески за почеток ги запраша работниците, главната фокус група на Апасиев Кончита, каде живеат подобро работниците, во Америка или во СССР? Нели СССР ви го нуди Апасиев како рај за работниците? Каде се повеќе заштитени семејствата на работниците, во Британија или во Северна Кореја, која ви ја нуди Апасиев?
Неговото обраќање го споделуваме во целост:
„Болшевизмот на „Ленин по Али Експрес“, е минато свршено време. Тоа зло над човештвото, кое ја создаде империјата на антихристите СССР е веќе затворена приказна. Само лудаци може да поверуваат дека нешто од тоа може да се реставрира, а и нема причина за тоа! Тој е најлошиот систем токму за работниците, во чие име е наводно создаван! Тоа е систем кој создаде „црвена аристократија“ и олигарси, најгнасното нешто од човештвото, истите тие кои го уништуваат македонскиот народ и на кои им служи македонскиот Ленин по Али Експрес“. – вели Богојески.
На Македонија и треба ФИСКАЛЕН КОНЗЕРВАТИВИЗАМ, а не гнасен болшевизам и класни глупостии. Тоа пластично објаснето, за да не ве лаже Апасиев, би значело следново:
Прво е мудро да учиме од минатото, од успешни примери. Фискалниот конзервативизам на Реган успеа, а болшевизмот на Ленин и Сталин пропадна. Ние ви го нудиме првото, проверена формула за успех, а не зелените глупости на другарот Апасиев.
Ајде сега да видиме што Кончита манипулираше. Прво за санкциите кон Русија и последиците од истите кон земјава. Другарот Апасиев мора да научи дека народот не е „маса“, туку живи луѓе како сите нас, а производителите на праски, јаболка и зелки не се дното во народот, согласно болната психа на Кончита и неговото класно општество, туку се достоинствени, чесни и вредни македонски граѓани, домаќини, чии производи не треба „Апасиев Превара“ да ги оплакува, туку треба да се пласираат на отворените пазари низ светот, по многу повисоки цени од руските.
Следна лага на другарот Апасиев е глупоста со апанажи за работниците! Апанажа не треба да има ниту за работниците, ниту за фукнционерите, за никого! Таа треба да биде целосно укината, а државата да работи штедливо, економично и домаќински.
Работниците не треба да земаат плата до 15ти или 5ти во месецот, туку треба да земаат плата на секои 15 денови и тоа по одработен час, а не деневница. Секој да може да работи онолку часови за колку се смета за способен и од тоа чесно да заработи. Доколку не му биде платено редовно на секои петнаесет денови, тогаш газдата дупло да плати, а не Кончита со лаги работници да млати за нејзина кожна фотеља.
На работниците не им требаат хранарини и патни трошоци, тоа се гнасни болшевички трошки за вредниот народ. На нив им треба полна бруто плата, висока цена на трудот, а тие самите да одлучат дали и каде ќе плаќаат здравствено или пензиско осигурување.
На Македонија и треба бесплатно здравство како тоа во Британија денес или во Југославија во минатото, а не празни зборови на другарот Апасиев и неговата Левица, од кои работникот не виде ништо добро со години, а тие седнаа по фотељите и се претопија со останатите.
На Македонија не и требаат работнички совети, туку полна дерегулација и слобода на бизнисот, минимални даноци за претприемачите, услови за раст и развој, за работниците да добијат повисока цена на трудот, на база на општествена солидарност и пазарно воспоставена продуктивност.
На студентите не им треба субвенциониран оброк, уште една болшевичка глупост, туку им треба прво квалитетно, а потоа бесплатно образование, со можност за работа и студии во областа на студирање. Тие се вредни и сами ќе си заработата и ќе си го платата својот оброк, не им треба милостиња од „Апасиев превара“!
Не ни треба намалување, туку укинување на патарините! Македонија е земја со највисоки давачки по тој основ, треба да се воведе винетка, а целосно да се укинат сите наплатни рампи по патиштата. За изградба на истите, решение од пред 80 години, во услови на модерни системи, треба многумина да завршат во Шутка.
На дуќанџиите и трговци поединци, занаетчии и други домаќини кои сами си ги хранат семејствата, прво им требаат услови за работа, лојална и чесна конкуренција, рекетарите од УЈП да им станат сервис на нив, а не обратно, па потоа да говориме за трошки како што е типот на енергија која ја користат. Нас како држава ни треба многу поевтина енергија, а не болшевичка распределба на истата на сиромаси и богати.
Во Македонија не ни треба данок на луксуз, туку најниски даноци во светот, за да привлечеме и донесеме луксуз, а народот да си го збогатиме. На нас ни треба „легализација“ на сивата економија и дуплирање на приходната страна на Буџетот по тој основ. Буквално само преку оваа мерка, државата ќе дојде до Буџет од 6 до 8 милијарди евра годишно, со што ќе може да станеме функционална држава. А не со глупости од другарот Апасиев со скалести, прогресивни и други даноци, да ја зголемиме таа сива зона во економијата, а со тоа дополнително народот да осиромаши, а богатите да се дозбогатат.
Е тоа ви предлага другарот Апасиев, тоа се неговите глупости од „политичката економија“ од која појма нема. Со тие зелени предлози, народот ќе стане се посиромашен, а шака луѓе се побогати.
Банкарскиот сектор е доволно познат за другарот Апасиев, затоа што беше дел од аферата со баката на Труфин Костовски и заврзламите околу неа. Секако дека македонските граѓани живееме под банкарско ропство, ама касно се сети Апасиев на тоа. Ние пред години понудивме мерки за паѓање на банкарскиот монопол во земјава, односно отварање на Македонија кон светскиот банкарски пазар. Само така ќе ги ослободиме граѓаните од должничко банкарско ропство, а не со зелените сказни на Апасиев за помали или поголеми камати.“ – завршува Богојески.
Македонските граѓани мораат да научат да ги препознаваат манипулациите и реалните понуди на политичарите, бидејќи доволно време изгубивме во тие лажни ветувања. Македонски Концепт е политичка организација која предлага криминализација на лажните политички ветувања, со цел граѓаните да бидат заштитени од типови како „Апасиев Превара“!