АХМЕТИ до ПУТИН: Која е дирекната порака од Македонија
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во изјава за медиумите проговори и за војната во Украина.
Тој вели дека сите се заинтересирани да се најде побрзо решение и да се затвори овој случај, кој е болен за Украина.
-Да се најде решение за да се стигне до прекин на огнот и да се отвори патот за дијалог и да се воспостави мир. Да се остават во слобода Украинците да одлучуваат за своите судбини. Претседателот Путин и Русија треба да чувствуваат одговорност како една голема моќна држава направиле инвазија на еден народ, ја нарушуваат волјата на еден народ и ова е срамота, вели Ахмети.
Тој додава дека колку побрзо се повлечат, толку подобро ќе биде и за Русија и за Европа.
-Мислам дека рускиот народ има колективна одговорност да не ја дозволи оваа безмилосна војна што се случува во Украина и да се стави крај на оваа инвазија што е можно поскоро“, додава Ахмети.