ОТКРИЕНО местото каде ќе преговараат Путин и Зеленски

Европа

Војната во Украина не стивнува, трае веќе 17 денови. Имаше три рунди преговори, но засега неуспешни. Сите ја чекаат средбата Путин со Зеленски, како последна надеж војната да престане!

На предлог на Израел, по неговата посета на Москва, таа средба треба да се одржи во Ерусалим.

Украинскиот претседател Зеленски е согласен и убеден дека Израел може да гарантира безбедност на двајцата претседатели на завојуваните страни, Русија и Украина.