ГОТОВИ СМЕ: Русија и се заканува на Македонија

Европа

Откако Македонија донираше воени средства и опрема за вооружените сили на Украина, Русија започна со закани кон нас. Ваква одлука донесе македонската Влада која што се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ.

Претходно голем дел земји поединечно одлучија да и испратат воена помош на Украина, откако Русија започна воената инвазија на 24 февруари.

Иако не е соопштено од македонската Влада како е видот на средства кои се донираа согласно барањата на Украина, сепак дознаваме дека станува збор за против тенковско вооружување.

 

 

Русија се заканува на сите држави кои воено ја помагаат Украина, дека ќе сносат одговорност. Конкретно не се наведува каква одговорност ќе сноси Македонија и колку руски тенкови се уништени со македонско оружје.

Москва вели дека земјите што испраќаат воена опрема во Украина ќе бидат одговорни доколку истата се користи против руските сили. Дали ова значи дека Русија е информирана дали е употребено нашето вооружување?