
УРНЕБЕС: РУСКИ ГЕНЕРАЛИ паѓаат како кегли
Во Украина е убиен уште еден руски генерал, тврди Киев. Истото го тврдат и западни извори. До сега се убиени повеќе клучни руски генерали, корумпирани и неспособни да војуваат.
Официјалните лица не го именуваа генералот, но претходно украинската војска објави дека е убиен генерал-мајорот Андреј Колесников. Тој бил командант на 29-та армија на источниот округ на Русија.
Украинските разузнавачи минатата недела објавија дека генерал-мајорот Витали Герасимов, началник на Генералштабот на руската армија, е убиен кај источниот украински град Харков, заедно со други високи офицери. Тоа го потврди и истражувачкиот новинарски веб-сајт Белингкет.
Кој е тој срам за една армија, да ти го убијат началникот на Генералштабот без битка. Руската армија се распаѓа како кула од карти.
Во почетокот на месецов, руските медиуми потврдија дека е убиен заменик-командантот на 41. армија, генерал-мајорот Андреј Суховецки.
Аналитичарите претходно рекоа дека „присуството на високи воени личности на или во близина на бојното поле може да биде знак дека операциите на Русија не одат според планираното“, пренесе Би-би-си.
Во Украина се војува веќе трета недела, а руската армија нема заземено ниту милиметар од планираните цели.