ДОБРО УТРО со Аматерката и ХЕРОИ ВО ПИЖАМИ

Добро утро

МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ ВО ПИЖАМИ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Додека „талентиве“ македонски навиваат како да следат „светско првенство во фудбал“, таму некаде гинат невини луѓе, жени и деца.  Таму некаде, а не е далеку, се случува војна и можна ескалација на кризата на други места опфаќајќи го и Балканот како жариште. Кризата почнува да се насетува, но тие ќе почекаат „официјално“ да им ја соопштат.

Познати сме како „колекционери“ и експерти за  кризи и онака „вешто се справуваме“ со економската, здравствената и енергетската криза, лабаво и опуштено ќе си ги надополниме, ама Путин не го даваме! Премрзнати, гладни и болни сме спремни да го „браниме“  иако  незнаеме од кого!

Како познати експерти од сите облласти, а овојпат како големи ГЕОСТРАТЕЗИ нудат „решение“ ама по социјални мрежи и во кафана. Која чудна психологија! За време на воениот конфликт во 2001 година истиве овие таленти лажно се разболуваа за да не бидат регрутирани во македонската армија и како глувци, со сокриени глави го чекаа резултатот молејки се што побрзо да дојде крајот.

Истите тие, денес гордо исправени на ФБ, ТВИТЕР и УТРИНСКИ ЕМИСИИ го бодрат Путин да продолжи со агресијата.

Денес,  максимално ги користат сите он лајн можности и храбро „се борат“ против ВИСТИНСКОТО ХЕРОЈСТВО на украинскиот народ. Задоволни од „дипломатската  закана“ од страна на Русија, со нетрпение очекуваат на таа листа да се најдат имињата од  свои сонародници врз кои се спремни да го истурат  целиот гнев насобран низ годините заради сопствениот неуспех.

Психологијата има објаснување за ваквото поведение, ГО ХЕЈТАШ ОНА ШТО НИКОГАШ НЕ СИ ГО ПОСТИГНАЛ И НАСИЛНИКОТ ГО ДОЖИВУВАШ КАКО ГОСПОДАР!