ВЛЕН обезбедува подобро наводнување за земјоделците во Гостивар и Врапчиште

Македонија

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од редовите на ВЛЕН, Албрим Хоџа, денеска го следеше почетокот на работите за чистење на каналите за наводнување во неколку населени места во регионот на Гостивар и Врапчиште, почнувајќи од селото Дебреш.

Овие активности имаат за цел подобрување на снабдувањето со вода за земјоделски потреби и вклучуваат чистење на каналите за наводнување во:

Дебреште – 1.040 метри

 

Форино – 1.765 метри

Чегране – 630 метри

Бањица – 1.590 метри

Турчан – 530 метри

Работите ги изведува Друштвото за стопанисување со води АД „Водостопанство на РСМ“ како дел од ангажманот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за подобрување на инфраструктурата за наводнување и конкретна поддршка на земјоделците во овој регион.

Хоџа истакна дека чистењето на каналите е клучно за земјоделците во Гостивар и Врапчиште, бидејќи обезбедува подобра проточност на водата, намалува блокадите во каналите и директно влијае на зголемување на ефикасноста на наводнувањето и земјоделското производство.

Тој додаде дека оваа интервенција претставува една од долготрајните барања на земјоделците и локалната заедница, која сега добива конкретно решение на терен, што покажува дека ангажманот на ВЛЕН се базира на реална работа и мерливи резултати.