ВАЖНО од синот на Киро Глигоров: Баталете Путин, тој е гола вода!

Изјави

Владимир Глигоров, син на поранешниот претседател Киро Глигоров има интересни параметри за значењето на Русија и самиот Путин во глобалниот свет. Според него, Путин е гола вода, тој самиот тоа го знае, единствено му останува да се заканува со нуклеарното оружје во стилот на советската ера.

Глигоров истакнува дека уделот на руската економија во глобалниот свет е под 2%, затоа и толку се неприметливи со нивни производи. Во споредба со Русија, на пример Кина е присутна со речиси 17%, а додека пак САД, ЕУ, Јапонија и Австралија се над 60%.

Ако ги отфрлите гасот и нафтата, руската економија скоро и да не постои. Таа е далеку зад западната. Доколку на Русија и биде забранет извозот на тие суровини, таа ќе остане без 90% од своите приходи.

Со продолжениот увоз на руски гас и нафта од ЕУ и другите земји, а со покачување на цените, всушност и се прави услуга на Русија, многу повеќе да заработи од предходно. Санкциите врз руската економија по други основи се незначителни за Русија, бидејќи таа нема економија.

Глигоров е економски експерт од Виенскиот економски институт и не смета дека овие санкции се причина за стопирањето на воената инвазија на Русија врз Украина. Причината повеќе треба да се бара во неспособноста на руската војска, од колку во економските санкции на западот.