НАЈНОВА ВЕСТ: УКРАИНА со писмо до Богојески, што му порачаа?

Македонија

Наталија Задорожњук, Вонреден и ополномоштен амбасадор на Украина во Македонија, испрати писмо со благодарност до претседателот на Унијата на европски федералисти на Македонија, Петар Богојески.

“Почитуван господине Богојески,

би сакала за изразам голема благодарност за Вашата активна поддршка на Украина и украинскиот народ во ова тешко време за нашата држава.

Во оваа тешка безбедносна ситуација за Европа и целиот свет, многу не радува тоа дека сите пријатели на Украина, меѓу кои секако и Вие, се приклучуваат на обединетиот безбедносен фронт и ја поддржуваат Украина во услови на воена инвазија на Украина од страна на Руската Федерација.

Уверена сум дека сите ние заедно ќе вложиме максимални напори со цел нормализирање на безбедносната ситуација, а Русија биде принудена да запре со своите агресивни акции против Украина и да ги почитува сите одредби на меѓународното право.“ – се вели во писмото на Амбасадорката до Богојески.

Богојески од своја страна одговори:

“Почитувани,

Ви благодарам на честа и валоризацијата на мојата искрена поддршка за братска Украина!

Сакам да Ве известам дека мојата поддршка е пред се како резултат на моите идеолошки убедувања и борба за почитување на меѓународното право и право на сите земји, вклучително и на Украина, сами да си одлучуваат за својата иднина. Вашиот територијален интегритет и суверенитет е свето право на секоја нација, со што Украина има право на целосно запазување на своите меѓународно признати граници.

Ви благодарам и посакувам брзо завршување на војната и враќање на мирот и спокојот на украинскиот народ!

Со почит,

Петар Богојески