(Видеа) ВОЈНИЦИТЕ дезертираат, оставаат празни тенкови, народот ги брка по улици

Европа

Украинскиот народ им покажа на руските војници колку се добродојдени во Украина како окупатори. Во секој регион кој е веќе окупиран од руската војска, на улици излегува народот и ги брка од нивните села и градови.

 

Бестрашните украинци со голи раце им се спротивставуваат на до заби вооружените руски војници. Протестите се исполнети со жени и деца, кои им кажуваат да си заминат од нивната земја.

 

Дел од војската, засрамени од фактот што се окупатори и убијци на жени и деца од својот братски народ, започнаа да ги напуштаат воените колони и воената техника и да дезертираат, назад за Русија.

 

Напуштената воена техника, како таа во Симаскоја област, е запленета од украинската армија, која ќе биде ставена во нивна употреба.