
СКАНДАЛ: Вработен во ЈП Улици и патишта ЗА бомбардирање на Мак Парламент
Извесен Зоран Зоки Трипуновски од Скопје, вработен во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ повикува на воен напад и бомбардирање на Македонија.
Човек што леб јаде од нашата Татковина и нашиот народ, си дозволи да повика на бомбардирање на Македонија, поточно македонскиот парламент, како опција поради нашата поддршка на Украина.
Извесниот Зоран Трипуновски тој повик го објави на ФБ страната на МКДенес, со слика на бомбардирано македонско Собрание.
Дали е ова дозволено во една држава, ширење на невиден говор на омраза кон сопствената татковина и повик за уништување на истата. Ова е дело на предавник! Дали државата ќе преземе мерки против ова лице?