Шефот на НАТО: Испраќаме уште оружје во Украина
НАТО сојузниците ќе ѝ достават на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави денеска на Твитер генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, додавајќи дека имал уште еден телефонски разговор со украинскиот претседател.
„Само што разговарав со претседателот Володимир Зеленски и го пофалив за храброста на народот и вооружените сили на Украина“, рече Столтенберг.
„Сојузниците на НАТО ја засилуваат поддршката со ракети за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, како и со хуманитарна и финансиска помош“, додаде тој.
I just spoke with President @ZelenskyyUa & commended him for the bravery of the people & armed forces of #Ukraine. #NATO Allies are stepping up support with air-defence missiles, anti-tank weapons, as well as humanitarian & financial aid.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) February 28, 2022