ХЕРОЈСКА БИТКА: Украина го ослободи аеродромот Антонов

Европа

Херојската украинска војска повторно успеа да ја врати контролата над аеродромот Антонов, кој е оддалечен 25 километри од центарот на Киев.

Тој аеродром главно се користи за превоз на роба, но и за пробни летови, а се уште траат борбите на северната страна од Киев, пренесува Ал Џезира Балканс.

Аеродромот Антонов има стратешко значење, затоа што Русија би можела да го користи за слетување на своите авиони и трупи.

Сега Украина повторно може да ја користи својата авијација во одбраната на главниот град Киев.