КОНЕЧНО: ФЕЈЗБУК започна да ја блокира руската пропаганда

Свет

Фејсбук воведе рестрикции за страницата РИА Новости за 90 дена, со што конечно се сетија да ја прекинат гнасната руска болшевичка пропаганда.

Важна е слободата на говорот на американската социјална мрежа, но поважна е вистинитоста на информациите, објави РИА „Русија север“. РИА Новости ќе се обрати до Роскомнадзор за помош за решавање на оваа ситуација, а Цукенберг нема да заспие од тоа.

Фејсбук воведе рестрикции поради еклатантното ширење „лажни информации“ за состојбата во Украина. Тоа е чиста путинова пропаганда, која нема ништо заедничко со новинарство и известување.

Русите плачат дека ова е уште едно флагрантно нарушување на слободата на говорот што го презема американската социјална мрежа“, се вели во соопштението на РИА „Русија север“ .

Претходно, Роскомнадзор испрати писмо до компанијата Мета платформи, која е сопственик на Фејсбук, со барање да се укинат ограничувањата наметнати на страницата на телевизискиот канал „Ѕвезда“ на Фејсбук.

Роскомнадзор претходно објави дека евидентира се повеќе случаи на неосновано блокирање на официјални сметки на руски медиуми и функционери на странски интернет платформи.

А што очекуваа од демократскиот свет овие руски банди? Да бидат толерирани?

Роскомнадзор ги повика руските корисници да се регистрираат на националните интернет ресурси и социјалните мрежи, кои никој не ги користи освен шутраците на Путин.