
ПУТИН бара преговори со Зеленски, откако му пропаднаа воените акции
Песков изјави дека Путин веќе ја формирал сојата визија што Русија ќе очекува од Украина и како „концептуалните проблеми на црвената линија ќе се решат“.
„Кремљ не гледа препреки за организирање разговор на претседателите на Руската Федерација и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, но само доколку Украина е подготвена да разговара за безбедносните грижи на Москва’“, изјавил портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков, откако денес неуспешно завршија воените операции низ Украина.
Тој потсетил дека Путин веќе формирал своја визија што Русија ќе очекува од Украина за „концептуалните проблеми на црвената линија да се решат“.
„Ние тоа целосно јасно го формулиравме: ова е неутрален статус, ова е откажување од системот на вооружување. Тука прашањето е дали раководството на Украина е подготвено на тоа“, додал Песков.
После денешниот неуспех, Песков изјавува „Целта на руската акција не е окупација на Украина“, туку промена на одлуките на Владата на таа земја. Рускиот претседател Владимир Путин рано утрово изјави дека се одлучил на специјална воена операција во Украина. Што тој сега може да очекува од Зеленски, откако му ја нападна државата?
Тој во телевизиското обраќање на Русите им кажа дека околностите „од нив барале одлучна и итна акција, Донбас се обратил до Русија со барање за помош“. Во исто време го обвини Евреинот Зеленски дека е нацист, а сега бара преговори со него.