ПУТИН е болен психопат, убива цивили, Евреин обвинува дека е нацист

Европа

Руското Министерство за надворешни работи предводено од вечниот измеќар на Путин, Лавров соопшти дека не требало Украина да ги прекине дипломатските односи со Русија, а тие психопати им ја окупираа земјата и убија стотици цивили и војници.

Според таа банда, Русија не би го направила овој избор, а потегот на Украина бил „логичен заклучок“ на „русофобната политика“ на украинското раководство, се вели во забелешката цитирана од РИА Новости.

Замислете која дрскост и безобразлук. Ја нападнаа и окупираа државата, а прекинот на дипломатски односи бил рософобство?

Дополнително уште имаат образ да зборуваат за дискриминаторската политика против етничките Руси кои живеат во Украина. Тие на истиот ден убиваат цивили низ цела Украина, а зборуваат за дискриминација.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека сите дипломатски врски со Русија се прекинати поради воената операција, која Москва ја започна во четвртокот наутро. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека целта е да се демилитаризира и „денацизира“ Украина.

Тој ги обвини западните земји предводени од САД дека ја пумпаат Украина со напредно оружје и го засилиле присуството на НАТО во земјата. Воениот напад беше неопходен за да се спречи полошо крвопролевање во иднина, тврди рускиот психопат.

Неговото лудило оди до тој степен да објавата на војна на Украина ја оправдува со изговор дека сака да ја демилитаризира и денацифицира. Замислете, ќе спречувал нацизам во Украина под водство на Евреин, украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој со еврејски корени, го упати последниот апел за мир, демантирајќи ги неоснованите обвинувања од Путин дека Украина ја водат нацисти. Тој директно ѝ се обрати на руската јавноста, и тоа на руски, неговиот мајчин јазик.

„Украина во вашите вести и Украина во реалноста се две сосема различни држави и главната разлика помеѓу нив е дека нашата е вистинската. Ви кажуваат дека сме нацисти. Но, како народот кој дал осум милиони животи во борбата против нацизмот може да поддржува нацизам?“, кажа Зеленски.

„Како јас можам да бидам нацист? Објаснете му го тоа на мојот дедо, кој ја поминал целата војна во пешадијата на советската војска и починал како полковник во независна Украина“.

Зеленски додаде дека тројца браќа на дедо му биле жртви на Холокаустот. Тој ги повика Русите да ја осудат војната и да ја преиспитаат нејзината цена.

„За што се борите и против кого? Многумина од вас биле во Украина. Многумина од вас имаат семејство во Украина. Некои од вас студирале на украинските универзитети и имаат пријатели во Украина. Го знаете нашиот карактер, нашиот народ. Слушајте, кажа Зеленски.