БРУКА: ПЕТКОВ од нов договорот со Таче, бара промена на историја

Балкан

Со нов договор меѓу Македонија и Бугарија ќе се затвораат политичките прашања меѓу двете земји, а некои од нив ќе влезат и во преговарачката рамка Макеоднија со Европската унија. Документот, како што вели шефот на дипломатиија, Бујар Османи, ќе биде дел од протоколите на Договорот за добрососедство со Бугарија, но со меѓународен гарант за негово исполнување.

Но во меѓувреме бугарскиот премиер Петков се предомислил, и добро е што е така, зашто македонската делегација во Брисел ги спушти гаќите под колена. Имено, Петков сега бара и промена на историја, учебници, бришење на табли, по изјавите на професионалните бугари од Македонија, кои вчера се сретнаа со него.

За најавата на бугарскиот премиер, Кирил Петков дека дел од решенијата за кои се преговара ќе станат и дел од преговарачката рамка за земјава за членство во ЕУ, при што тој конкретно го посочи прашањето на впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав, Османи рече дека во моментов се преговара за тоа што може да биде прифатливо за секоја од страните, но без да открие кои се конкретните точки.

Османи притоа нагласува дека вметнувањето на билатерлните прашања во преговарачката рамка зависи и од 27-те земји членки, особено што некои од нив се противат на билатерализација на процесот на преговори, но и на крај од земјава која исто така треба да ја прифати преговарачката рамка.

Очигледно на Бујар не му кажале дека Петков се предомислил, па сега под неговиот приориет број 1 во овие преговори, заштитата на правата на Бугарите во Македонија тој подразбира не само нивно влегување во Уставот, туку и промената на учебниците што треба да се случи во Македонија, што било клучен приоритет за надворешната политика на Бугарија.

Професионалните бугари кои се жалат на говорот на омраза, а се извор на тоа поведение, најавуваат исто акција од Петков во таа насока. Петков се предомислил и за роковите кои сам си ги зададе, па сега истото како претседателот Радев, ќе се водел од резултати, односно колку Македонија ќе биде послушна за бугарските уцени.

Проруската агенција БГНЕС сподели изјави на професионалните бугари од Македонија, во кои се наведени сите овие тврдења за премиерот Петков. Тој дури бил импресиониран од нив, до степен да научил историја, која сега ќе сакал да биде ставена во македонски учебници.

„Она што го дознавме од нашиот разговор со нас е дека неговиот став е јасен и недвосмислен, дека овие прашања се приоритет и без конкретни резултати за нив не може да се укине ветото“.

Премиерот Петков во разговорите со професионалните бугари од РМ успеал на историски план да долови некои моменти од суровата судбина во Македонија, до степен што се предомислил за пристапот по кој до сега ќе се затвораше македонско – бугарскиот спор.