
ХУМАНОСТА на дело: Богојески ги покани на свој имот
Богојески јавно реагираше на насилството врз Евреите, кои дојдоа да престојуваат во Македонија, а се прогонети од разни места низ земјава.
Тој ги покани да ги згрижи на личен имот во Крушево, а поканата ја објави јавно на неговата официјална фан страна, со следната содржина:
„ЛЕВ ТАХОР
Прогонувани од сите, жени и деца со нивните сопрузи, само зашто практикуваат фундаментален Јудеизам!
Тој Јудеизам го осуди Бог, но нас Тој не научи на прошка и солидарност!
Антисемитизмот мора да запре!
Оваа група Евреи, јавно ги поканувам да се сместат на мој имот во Крушево, да најдат мир и достоинство, да презимат… да бидат згрижени додека тоа им е потребно од Македонија!
Немам комуникација со Еврејската заедница во Македонија, но слободно можете да ме контактирате, за да Ви помогнам!
Бог е голем, а ние смртните може само да помогнеме!
Мое беше да ги поканам, а тие си знаат“ – напиша Богојески