СКАНДАЛ: Реваншизмот на СДСМ, кој е ксенофоб?

Политика

Ковачевски: Да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција, а никаде го нема во врска со прогонетите Евреи од Лев Тахор.

СДСМ се што кажа, се излажа. Премиерот Димитар Ковачевски по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот – 27 Јануари напиша на фејсбук да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција, но никаде го нема да помогне на прогонетите Евреи.

Дополнително неговата партија СДСМ води прогон на политичка основа против политичкиот активист Петар Богојески, кој обвинет за ксенофобија, а тој од своја страна им го понуди личниот имот на Евреите да бидат згрижени. Се поставува прашањето, кој е ксенофоб, Ковачевски или Богојески?

Политичкиот реваншизам кој го спроведува токму партијата која ја предводи Ковачевски, освен за паушални изјави за почит кон македонските Евреи, никаде ја нема на дело. 

Предходно медиумите објавија дека Богојески е под тежок мобинг и политички дискриминиран од страна на функционери на СДСМ, кои и лично му се заканувале. СДСМ молчи и се обидува преку цензура на медиуми да покрие срамот.

Богојески е познат по неговите хуманитарни иницијативи, особено за време на карантинската состојба од почетокот на ковид пандемијата, кога организираше хуманитарни акции за доделување на храна за сиромашни и бездомни лица, без разлика на нивна етничка или верска припадност, но и посебна помош за ромското население во маски и средства за дезинфекција.

За иронијата да биде поголема, СДСМ започнале постапки против Богојески за мразење на Роми, наспроти неговите хуманитарни акции. Се поставува прашањето, до кога ќе се практикува политичко насилство врз неистомисленици?