ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ: Интересни совети од Никола Тесла

ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ, Живот, Забава

Никола Тесла е еден од најголемите генијалци, од неизмерна важност е неговиот придонес во дизајнирањето на електричниот систем на наизменична струја, a покрај тоа, неговото име стои и на околу 300 патенти на различни пронајдоци.

1. Добро размислете пред да направите нешто
Никола Тесла секогаш велел дека може да ги замисли машините и ретко правел нацрти пред да почне да работи на нивната изградба. Овој процес на визуелно размислување не е својствен за секого, но основната идеја е едноставно да се концентрираме на финалниот производ. За креативно размислување често е потребно да се опуштите и да работите на проблемот во вашата глава. Во својата автобиографија, Тесла го опишува процесот на следниов начин: “Мојот метод е различен. Не брзам со било што. Кога ќе добијам идеја, веднаш почнувам да градам во мојата имагинација. Ја менувам конструкцијата, правам поправки и управувам со машината во мојата глава. За мене потполно е неважно дали тестирам турбина во главата, или во работилницата. Забележувам дури и кога не работам добро. Нема разлика, а резултатот е ист“, напиша Тесла. Оваа визуелизација значително придонесува за функцијата на мозокот.

2. Одете на прошетка
Познато е дека одењето на кратка прошетка има свои предности кога е креативноста во прашање. И Тесла го имал ова мислење и иако неговите прошетки станаа дел од неговото опсесивно компулсивно однесување, тој имаше неколку „еурека“ моменти во нивен тек. Еден од нив му ја донел идејата за наизменична струја: Во 1881 година, Тесла се преселил во Будимпешта, опоравувајќи се од нервен слом и додека шетал со пријател во паркот и рецитирал поезија, одеднаш му се појавила идеја за наизменична струја.

3. Работете сами на проблемите
Како и многу иноватори и креативни ликови, Тесла тврдел дека треба да се биде сам за време на создавањето и размислувањето. Еве еден од неговите познати цитати: „Умот е поостар и поконцентриран во изолација и непрекината самотија. Не е потребна голема лабораторија за размислување. Оригиналноста доаѓа од осаменоста ослободена од влијанието што му штети на нашиот креативен ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот, бидете сами, тогаш се раѓаат идеите“, тврди Тесла.