БОГОЈЕСКИ: Законски требаше најмалата пензија да биде 18.000 денари

Изјави

Петар Богојески со своја реакција на дволичноста на СДСМ кога зборуваат за пензионерите. Тој објави свое видување на работите.

СДСМ се крајно недостојни да зборуваат за стандардот пензионерите. Тие се истите кои во 2018 години им го укинаа законското порамнување на пензиите, со што трајно ги оштетија луѓето на кои треба да сме најблагодарни, а тоа се нашите родители.

Доколку тоа не го направеа, законски требаше најмалата пензија да биде околу 18.000 денари, согласно порастот на просечната плата. Тие ги оштетија пензионерите за цели 30% или за повеќе од 6.000 денари месечно, а им даваат трошки на луѓето.

Тие трошки ги прикажуваат како некое покачување од 90 денари. Имаат ли срам овие бандити? Завет од Бога е да се почитуваат постарите и да се помагаат до крајниот ден. Имаат ли верба, имаат ли нешто свето овие профитери?

Македонски Концепт доколку некогаш одлучува, ќе го врати законското праведно решение и ќе направи порамнување на пензиите со растот на просечната плата. Тоа значи најниски пензии од најмалку 300 евра или над 18.000 денари, изјавува Богојески.