УЖАСНО: ГРАНАТИРАНА градинка во Украина?!

Свет

Украинската армија објави фотографии од источна Украина на кои се гледа дека, според нивните тврдења, утринава била оштетена зградата на градинката во селото Луганск. Според нивните тврдења Русите го гранатирале Луганск во источна Украина, погодувајќи ја градинката. Децата во моментот на нападот биле во зградата на градинката, но во соопштението се наведува дека нема повредени.

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков утринава коментираше дека ситуацијата во Донбас ескалирала, споменувајќи го огромниот борбен потенцијал на украинските сили.

Песков, исто така, рече дека Путин сè уште не одговорил на барањето на руската Дума, која во вторникот го повика да ја признае независноста на сепаратистичките региони во Украина, Доњецк и Луганск. Експертите оценуваат дека ваквиот потег на Путин би ја уништил секоја надеж за мир.