Виз ер отвора седум нови рути од Македонија

Македонија

Поради ковид пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите. Но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат.

Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома.

Виз ер повторно ги поврзува Северна Македонија со Франција , Германија , Австрија,Шведска. Односно , Париз Бове , Базел-Мулхаус-Фрајбург , Фридрихшафен, Дортмунд (Г, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.

Виз ер  ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж, вели во пишана изјава Андрас Радо.