ПУТИН прави „ку*ташак“ со Америка, кој ги советува?

Свет

Путин си прави ку*ташак со Америка, која објави дека нападот ќе биде на 16ти февруари. Такви зелени изјави секогаш му даваат можност на Путин да каже, нема да биде на 16ти, туку на 20ти! Или на 17ти да каже планиравме за 15ти, сега ќе видиме следно! Кој ја советува Белата Куќа за менаџирање на украинската криза, итно да добие отказ.

Русија нема причина да ја нападне Украина на 16 февруари, за што западните медиуми тврдат дека е она што ќе се случи, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, за Канал 4 на Обединетото Кралство.

Сега дали САД ќе дадат нов термин за 17ти? До кога ќе дозволуваат да бидат на терен на Путин и да си тера мајтап со нив? Украинската криза е катастрофално менаџирана од политичарите во САД, реномето на НАТО е симнато под нула.

На прашањето дали инвазијата ќе започне во среда, тој рече: „Не според моите сознанија, и не гледам никакви причини за тоа“. „Ова е многу смешно и чудно“, додаде Полјански.

Исто и официјален Киев започна да се сомнева во веродостојноста на податоците, односно начинот на кој се анализираат разознавачките информации од терен и како се објавуваат прогнози и заклучоци. Претседателот Зеленски побара од САД да докаже како тоа утврдиле напад на 16ти февруари?

Мајтапот го продолжи и најпознатиот измеќар на Путин владарот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој ги осуди овие тврдења како „празни и неосновани“, служејќи како трик за ескалација на тензиите, посочувајќи дека Русија не претставува никаква закана за никого.

Русите отидоа до тој степен да обвинуваат дека САД и Украина ќе правеле намерни провокации со цел да се оправдаат таквите тврдења и предупреди дека обидите за употреба на воена сила за решавање на кризата во југоисточна Украина ќе имаат сериозни последици.

На крај ќе испадне дека САД се виновни за 120.000 руски војници на границите на Украина со полна воена опрема и целокупната најнова руска техника. Русија само не е виновна и не планирале напад. Ама кога ќе им дозволиш, ќе тераат „ку*ташак“ со сите нас, земји членки во НАТО!