ЃОКОВИЌ призна што му се случило во Австралија
Новак Ѓоковиќ, еден од подобрите тенисери на светот, во интервју за Би-Би-Си изјави дека е подготвен да жртвува големи трофеи доколку биде принуден да се вакцинира. Тој додаде дека не е антиваксер, но дека не сака да ја прими вакцината против вирусот Ковид-19.
Новинарот кој го интервјуираше светскиот рекет број еден беше многу директен и на почетокот на разговорот го праша Новак Ѓоковиќ дали ќе го жртвува учеството на Грен слем турнирите – Ролан Гарос, Вимблдон, УС Опен, дали вакцината е единствениот услов за натпреварување.
„Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам. Никогаш не сум бил против вакцините, ги примав како дете, но секогаш ја поддржував слободата да избираш што ќе примиш во телото. Принципите на одлучување во моето тело се поважни од која било титула или што било друго.
Да потсетиме, Новак веќе мина низ 11 дена агонија во Австралија, по што беше депортиран од земјата, призна што примил во Австралија:
Тенисерот не прецизираше дали тоа го примил доброволно или бил присилен на истото. Како и да е, непочитување на правилата за време на светска пандемија низ нормалните земји не поминува. Тоа може само тука на Балкан да се прави „на Тошо“!
Една од темите за време на интервјуто беа шпекулациите дека Ѓоковиќ намерно темпирал позитивен тест на 16 декември 2021 година, за по истекот на изолацијата да лета за Австралија и да настапи на Австралија Опен.
Ѓоковиќ не навлегува премногу во споменатата тема, но рече дека се надева оти мерките на одредени турнири во иднина ќе бидат помалку рестриктивни и додаде дека очекува долго време да игра на големи турнири. Со други зборови призна дека е обичен манипулант, а тоа не поминува во Австралија.
„Бев длабоко разочаран и тажен од начинот на кој го примив во Австралија. Грешката во декларацијата за виза не е направена намерно. Ова го прифатија и потврдија федералниот суд и министерот во Министерството за имиграција во Австралија. Она што малкумина го знаат е дека не бев депортиран од Австралија со образложение дека не сум вакциниран или прекршив некои правила. Сето ова е всушност одобрено. (Со други зборови, продолжи да манипулира и на Би Би Си)
Причината поради која бев депортиран од Австралија е тоа што министерот за имиграција ја искористи својата дискреција да ми ја одземе визата врз основа на перцепцијата дека можам да создадам момент против вакцинација во земја или град. Тоа е нешто со кое апсолутно не се согласувам“, изјави Ѓоковиќ.