НОВО барање во Охрид да се учи и воведи албански јазик

Македонија

Во Градот Охрид во државните институции не се користи албанскиот јазик, ниту таблите не се на албански, дури нема ни средно училиште на албански јазик. Ова го тврдат малкумина граѓани од албанската заедница, кои знаат дека согласно Рамковен договор, во услови на проценти во Устав, тоа не е можно.

Професорот Осман Османи вели дека како резултат на тоа многу Албанци заминале од Охрид и бројот на ученици за разлика од минатото е видно намален. Професорот никако да разбере дека помина тоа „минато“, а денешните млади се интересираат за квалитетен живот, а не за шовинистички агенди.

„Бројот на ученици беше многу голем, имаше над 100, значи 3 или 4 паралелки имаше на албански јазик, но како што помина времето почна да се намалува тој број и сега имаме 30 ученици. Тоа можеби е резултат на иселувањето за подобар живот. Намалувањето на наталитетот и елементот на Египќани по демострациите на 81, кога почна да се намали бројот, повеќето почна да учат на македонски јазик, секако во тоа имаше влијание и државата“, вели Осман Османи.

За жал шовинизмот кај Османи извира од сите страни! Тој дури и Египќаните ги смести во Албанци, што е невиден преседан низ цела Западна Македонија. Насекаде се врши насилна асимилација на сите помали етнички заедници од страна на албанската.

Албанците од Охрид инсистираа во охридската гимназија да се отвори барем една паралелка на албански јазик, но нивното барање никогаш не било исполнето, иако за тоа нема услови.

„Бевме група активисти кои баравме во училиштето една паралелка од средното струшко училиште да се отвори и во Охрид, поради тоа што условите претходно беа полоши, јас настојував, но за некои работи е потребен поголем ангажмани, и не успеавме во тоа“, порача Џеладин Емини.

Есат Аслани е револтиран поради тоа што Рамковниот договор не се спроведува во сите градови каде има Албанци, но очигледно никогаш не го прочитал тој договор. Нивните барања се буквално надвор од квотите на тој договор на кои инсистираат албанските политичари.

„Сите граѓани се револтирани од тоа што се случи по Рамковниот договор, со правата кои ни следуваа на нас каде живеат над 20% Албанци, тоа не е спроведено, Охрид, Ресен, Прилеп се оставени во заборав, има доволен број на Албанци, но не дозволија албанскиот да биде службен јазик во државно ниво“, вели Есат Аслани.

Шовинизмот ги уби оваа генерација Албанци кои даваат вакви блесави изјави. Да тврдиш дека во Охрид, Ресен и Прилеп има над 20% Албанци, треба нешто да ти фали.

Според Пописот од 2002, во Охрид живееле 2 959 Албанци, но колку од нив се уште живеат таму ќе дознаеме по објавувањето на резултатите од пописот кој се одржа минатата година.