МАКЕДОНИЈА во исчекување, СЕ ЧЕКА ТЕЛОТО НА ЗАКЛАНИОТ СРБИН

Хроника

Медиумите во Македонија масовно известуваат за телото на Драган Паниќ (51), кој беше пронајден заклан на товарен брод во пристаништето Џенова, кое до крајот на следната недела ќе биде предадено на неговото семејство во неговата родна Омољица, кај Панчево.

Неговата смрт се уште е обвиена со тајност, иако италијанските медиуми се обидуваат да ја прикажат како самоубиство. Македонија длабоко се сомнева дека тоа е светска завера, бидејќи семејството упорно тврди дека не е така и дека до последно се слушале со него и се било во ред. Паниќ бил весел човек и голем верник и тврдат дека никогаш не би кренал рака на себе.

Македонците дебатираат како Паниќ, се заклал ако до него не е пронајден никаков предмет со кој би можел да го направи тоа. Сигурно е убиен, констатираат експертите за се по социјалните мрежи, бидејќи пред откривањето на телото на Паниќ бил запленет речиси половина тон кокаин на бродот на кој работел.

Македонците веќе го расчистија случајот со италијанските карабинери кои го уапсија нивниот државјанин Фабио Папа, кој наводно бил дел од екипажот. Тој бил врзан со лисици додека се обидувал да истовари пакувања со кокаин, кои биле скриени меѓу товар со кафе. Според медиумите во Италија, скапата дрога чија вредност на пазарот изнесува повеќе од 30 милиони евра, била поставена веднаш до вратата од контејнерот.

Италијанските медиуми посочуваат и дека Фабио Папа е уапсен не само поради дрога, туку и поради смртта на Драган Паниќ. Македонските аналитичари веќе констатираат дека тој е убиецот. Тамошните истражители истражуваат дали смртта на Србинот е поврзана со товар кокаин, а истрагата за двата настани во моментов се води одделно.