САД генерал Мили објави за колку часови паѓа Киев под руски напад
Американскиот генерал Марк Мили, кој е командант на здружениот Генералштаб, ги информирал сенаторите дека, доколку Русија навистина извршија инвазија врз Украина, главниот град Киев може да падне во рок од само 72 часа.
За време на брифингот зад затворени врати, Мили рекол дека руската инвазија на Украина ќе доведе до 15,000 украински жртви и 4,000 убиени руски војници. Американските власти истакнуваат дека американската разузнавачка служба проценува дека Русија подготвува голема инвазија на Украина и дека веќе располага со 70 отсто од силите потребни за таква операција.
Москва веќе има собрано 110,000 војници на границата со Украина и би можела да има доволен капацитет да започне офанзива за две недели, според официјални лица кои ги информираа членовите на американскиот Конгрес.