ПОЗНАТ ДАТУМОТ КОГА РУСИЈА ЌЕ ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА: Бајден веќе открил?

Свет

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во петокот, во разговор со неколку западни лидери, дека Русија би можела да ја нападне Украина на 16 февруари, пишува „Политико“.

Според весникот, во тој разговор учествувале лидерите на Велика Британија, Германија, Италија, Канада, Полска, Романија и Франција, како и генералниот секретар на НАТО и претседателот на Европската комисија.

Според истиот извор, американскиот претседател рекол дека на инвазијата може да и претходат ракетни напади и сајбер напади.

Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа, вчера изјави дека руски напад може да следи во секое време, дури и за време на Зимските олимписки игри во Пекинг.

„Не велиме дека е донесена одлука“, рече Саливан.