СКАНДАЛ: Левица доби налог од Москва за Бугари во Устав
Политичката партија Левица на т.н. професор Апасиев подолго време отсуствува од јавната дебата по македонско – бугарскиот спор. Сите се прашуваат зошто? Имаше само една сувопарна изјава за прекин на преговори со Бугарија пред две недели и толку. Без никаква дебата.
Дали е откриена причината за тоа? Дали Левица ќе гласа за Бугари во Устав? Информациите говорат дека така е наложено од Русија. Левица не смее да и писне на руската амбасада во Скопје, па поради тоа отсустува од битката со Бугарите.
Општо е познато дека бугарското вето за Македонија е наметнато од Русија. Ако се знае дека Апасиев и Левица се измеќари на руската амбасада, јасно е зошто би гласале за Бугари во Устав. Нешто што го бара и Русија. Дали се рубљи во прашање? Апасиев е познат по своето среброљубство!