Србите тераат „курташак“ со Бугарите
Кај Србите нарачаа вето од Бугарија преку Москва, кај си играат курташак со нив и им кажуваат да го тргнеле ветото. По просто од бугарски политичари нема на свет.
За време на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков, српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека е „многу важно Македонија, Албанија и Босна да напредуваат на европскиот пат“.
Брнабиќ му се заблагодарила на Петков што ги засилил преговорите со Македонија, во надеж дека двете земји ќе ги решат своите отворени прашања. Србија и Црна Гора се напреднати во преговорите со ЕУ, додека Македонија, а со Македонија и Албанија, се уште чекаат на отворање на преговорите поради бугарското вето.
Петков втората официјална посета по доаѓањето на власт – првата беше на Скопје, ја направи во Србија и таму дозна кои се шефовите на Бугарија.